Ве известуваме дека на 14.06.2024 година Берзата изврши бришење на издавачот Единство АД Струмица од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за преобразба на друштвото од АД во ДОО.
Единство АД Струмица беше внесено на „Листата на набљудување“ на 11.01.2024 година согласно 61-а од Правилата за котација, поради објавена одлука за преобразба на друштвото од АД во ДОО, донесена од Собранието на акционери на Единство АД Струмица одржано на 10.01.2024 година.